Облачно со температура до 6 степени

Сабота ќе биде малку „потопла“ наутро за разлика од петок, но сепак станува збор за очекувани минимални вредности на темпераатурата околу -12°С на повисоките места и околу -8°С низ котлините. Облачноста која се очекува рано наутро ќе биде „одговорна“ за стагнација на „падот“ на температурата наутро.

Денот ќе помине со нешто повеќе облачност во однос на петок, но без врнежи.

Дневната максимална температура на повисоките места остануваи понатаму под 0°С, односно околу -2°С. Низ котлините во западниот и северниот регион се очекува максимална од 2°С до 4°С, а на југоисток околу 6°С.

Скопје очекува студено време со умерена облачност. Минималната температура ќе има вредност околу -8°С, а максималната околу 4°С.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.