Повредена 25-годишна кумановка при сообраќајка на скопската обиколница

Вчера околу 8 часот, на обиколницата Скопје кај клучката Стенковец во правец кон Велес, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Ауди А3“ со кумановски регистерски ознаки управувано од 34 годишниот С.С. од Куманово излетал од патот.

Во сообраќајката е повредена 25- годишната С.А. од Куманово. Таа е пренесена и задржана во Ургентниот Центар во Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.