Ременски ја прекина традицијата – не посети првородено дете во Новата година

Дополнителната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски за првпат ја прекина традицијата откако вчера како министер за труд и социјална политика не го посети првороденото дете во Новата година.

За разлика од изминатите години кога ресорниот министер во првиот ден од годината го посетуваше првороденото бебе и доделуваше плакета или златна монета, Ременски  вчера не го стори тоа.

spasov-2015

Првородените бебиња во Скопје на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар вчера ги посетија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за здравство Никола Тодоров.

spasov-2014

Минатата година, прворедното бебе заедно со Трајановски и Тодоров го посети и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој на бебето му подари залтна монета за првородено бебе во Новата година, а на мајката плакета. Спасов го посети и првороденото бебе во 2014 година, кога на новороденчето му подари златник, еднократна парична помош и други пригодни подароци.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.