Во Франција за Нова година запалени 804 автомобили и упасени 622 лица

Во Франција за Нова година запалени 804 автомобили и упасени 622 лица
Во Франција за Нова година запалени 804 автомобили и упасени 622 лица

Според бројките од Министерството за внатрешни работи за време на новогодишната ноќ  во Франција биле опожарени 804 автомобили, што претставува 14,5 проценти помалку во споредба со минатата година, кога беа опожарени 940 автомобили. Спектакуларно намалување на бројот на опожарените автомобили во текот на новогодишната ноќ е резултат кна зголемената мобилизација на силите на редот по терористичките напади во ноември и во јануари мината година, јави дописникот на МИА од Париз.

Сепак намалувањето на опожарените автомобили не беше пропратено со намалување на насилството. Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев изјави дека биле упасени 622 лица, од кои 368 останале во притвор. Минатата година кога беа уапсени 308.

Овие бројки се должат на силната мобилизација на силите на редот. Имено над 100.000 припадници на полицијата и жандармеријата се грижеа за безбедноста, а само во парискиот регион имаше 11.000 односно, 2.000 полицајци повеќе од лани.

Во Франција за новогодишната ноќ во предградијата се палат возила, „традиција“ која најпрво беше практикувана во Стразбур и која последните години се прошири низ цела Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.