Седум жртви на првиот ден од годината во Албанија

Во првиот ден од Новата година во Албанија регистирани се дури седум жртви, поради што албанските медиуми го нарекоа крвав први јануари.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, пет луѓе животот го загубиле во сообрќајни несреќи во кои повредени се уште најмалку четири лица.

Првиот ден од годината регистриран и првиот случај на семејно насилство со смртни последици. Во приморскиот град Саранда сопруг си ја убил сопругата, потоа се самоубил.

Во сообраќајната несреќа што се случила во близина на селото Вајкан животот го загубиле 30-годишен маж и неговата свршеница. Причина за несреќата е неприлагодена брзина на движење со условите на патот.

Едно лице го загубило животот на патот Подгардец-Ќафасан, додека 17-годишно момче кое управувало мотор загинало кај Фиер.

Вчера попладне одејќи на работа загина полицаец, во кого налетал авомобил марка Мерцедес.

На патниот правец Скадар-Велипоја автомобил излетал од коловозот и завршил во канал. Повредени се четири момчиња,од кои едното потешко.

Во Албанија во просек годишно во сообраќајни несреќи животот го губат над 250 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.