Промовирани 20 наслови од нов владин капитален проект

Промовирани 20 наслови од нов владин капитален проект
Промовирани 20 наслови од нов владин капитален проект
Автобиографии и монографии за светски познати личности, спорт, здраво живеење и исхрана, превод на дела за најпознатите битки и војни во историјата, како и дела од архитектурата и дизајнот. Ова се четирите области од новиот проект на Министерството за култура и Владата во рамки на кој денеска беа промовирани 20 дела.

Како што информира премиерот Никола Груевски, станува збор за проект со кој продолжуваат заложбите на Владата во Македонија да се донесе сето она што недостига или беше тешко достапно за македонските студенти на македонските универзитети и општо на македонските читатели, а кое потенцира се најдоброто и најбараното во светот во секоја од наведените области.

 Република Македонија во изминативе неколку години целосно се отвори за светската научна литература, а рафтовите во нашата држава станаа побогати за стотици нови книги од неколку капитални проекти. Таквиот наш ангажман продолжува и оваа година… Овој проект претставува продолжение на нашите инвестиции во образованието, во културата, во знаењето, во науката, спортот, младите и севкупно во иднината на Република Македонија. Овие области и во 2016 година остануваат едни од главните приоритети на Владата, порача премиерот.

Тој истакна дека во делот на автобиогарфската литература проектот нуди можност за македонските читатели да се запознаат од блиску со животот и делото на исклучително значајни личности кои со својата позиција, дејствување и достигнување останале трајно врежани во светската меморија. Првите 10 книги се однесуваат на животот и делото на Моцарт, Бенџамин Френклин, Бонапарта, Тито, Хрушчов, Петар Велики, Стив Џобс, Медлин Олбрајт, Микеланџело и Марија Кири.

Втората област застапена во овој проект е од сферата на спортот и здравото живеење, и како што нагласи премиерот, е во корелација со повеќегодишните заложби, кампањи и мерки на Владата за развој на спортот и здравите животни навики.

 Ваквата литература во Македонија е доста ретка и ние се решивме да го дадеме својот придонес преку овој проект. Нашата замисла е да им помогнеме на сите рекреативци, спортисти, спортски клубови, спортски федерации, на студентите на Факултетот за физичка култура, професори и воопшто луѓето кои на различен начин се поврзани со спортот. Од друга страна, овој проект носи и литература која се однесува на практикувањето здрав живот и е наменета за сите граѓани на Македонија, рече премиерот Груевски.

Во однос на книгите од областа на најпознатите битки и војни во историјата шефот на Владата истакна дека ќе бидат корисни за македонските историчари и научници, но и пошироката публика. Тие носат многу познати и непознати информации и занимливости за учесниците и карактеристиките на најпознатите битки кои го прекроиле светот, ги менувале народите и државите, донеле големи миграции и преселби и поместувања во составот на населението, а Македонија, вели, не била исклучок од ваквите појави и во својата историја и сегашност има многу белези од ваквите судири.

gruevski- kanceska- promocija- edicija11

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека фактите говорат дека како никогаш досега во Република Македонија се издаваат обемни и богати едиции на најзначајните изданија од сите области од животот, образованието, науката, уметностите и културата.

 Како никогаш досега македонското образование и културата се збогатуваат со трајни културни, уметнички и цивилизациски вредности, како никогаш досега нашите граѓани се здобиваат со можноста да ги прошират своите сознанија за областите кои се нивен интерес, како никогаш досега младите генерации добиваат