Промовирани 20 наслови од нов владин капитален проект

непроценливо богатство од литература која е во функција на нивна едукација и надградба, истакна Канческа – Милевска.

Таа посочи дека денеска промовираат три наслови од едицијата „Познатите битки и војни во светската историја“, кои се од голема важност не само за историчарите, туку и за културолозите и сите проследувачи на глобалните гео-политички текови.

Војната не ги менува само границите и државите, таа ги менува цивилизациите и културите, како и општите историско-политички околности. Во оваа смисла „Цариград 1453: Падот на Византија“ на Дејвид Никол, ни го прикажува зајакнувањето на новата Отоманска империја која во 13 век го покорила и Балканот. Книгата „Петнаесет одлучувачки битки во светот: од Маратон до Ватерло“ детално ги обработува сите значајни битки кои го смениле текот на историјата и без кои светот денеска сигурно би изгледал поинаку, рече Канческа – Милевска.

Третото издание кое од денеска ќе и биде достапно на нашата читателска јавност, нагласи министерката, е остварувањето на авторот Кит Робинс и е посветено на Првата светска војна.

 Минатата година низ светот се одбележа еден век од почетокот на Првата светска војна и во таа смисла книгата на Робинс всушност дава една слоевита слика за многуте аспекти на оваа голема човечка трагедија од која за жал, светот малку научи, потенцира Канческа – Милевска.

gruevski- kanceska- promocija- edicija22

Таа рече дека во рамки на едицијата „Во светот на спортот и здравиот живот“, се преведени седум книги: „Јога – анатомија“ од Лесли Каминоф и Ејми Метјус, „Шутирај како професионалците, Патот до успешна техника на шутирање“ од Адам Филипи и Џери Вест, „Фудбал: потекло, развој и нови димензии“ од Александар Карденас, „Био механичка проценка на движењето во спортот и вежбањето“ од Карл Пејтон и Роџер Бартлет итн.

 Да се преведува значи да се стави сопствениот јазик и култура пред искушенијата кои со себе ги носат делата на големите светски култури но, кога домот на јазикот е одамна изграден, секоја нова преведена книга е само уште еден нов значаен орнамент запаметен од историјата, додаде Канческа – Милевска.

Проф.д-р Димитар Мирчев, осврнувајќи се на делата од едицијата „Познатите битки и војни во светската историја“, рече дека таа едиција на Министерството и на Владата, која е исто така дело на еден поширок круг на издавачи, автори, уредници, преведувачи…, без сомневање е еден зафат што заслужува големо внимание.

За делата од едицијата „Во светот на спортот и здравиот живот“ говореше деканот на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Вуица Живковиќ, кој рече дека тие се добро селектирани од европски и светски автори од доменот на спортот и здравиот живот кој ќе бидат добро четиво за читателите, професорите, студентите, спортската јавност.

Тоа ќе биде еден голем поттик за нас како луѓе кои работиме во оваа фела и на овој начин ќе дадеме придонес да видиме до каде сме, каде сме добри, каде треба да се подобриме со цел да ја оствариме својата мисија за едукација на својот кадар, на нашите луѓе, на младите, но и на целата македонска јавност, додаде Живковиќ.

Проектот треба да заврши до 2018, а во негови рамки предвидени се превод и печатење на вкупно 400 дела. Според програма, 150 книги ќе бидат од областа на превод на биографии и автобиографии, мемоари и монографии за светски познати личности од повеќе области и исто толку од областа на спортот, здравото живеење и исхраната, а по 50 книги од областа на најпознатите битки и војни во историјата и од областа на архитектурата, дизајнот, внатрешното уредување, орнаментиката и скулптурата. На денешната промоција беа презентирани наслови само од првите три области.