Подобар животен стандард за граѓаните годинава

Зголемувањето на минималната плата, повисоки примања во здравството, околу 300 илјади пензионери ќе добијат зголемени пензии за 5 отсто, бесплатен превоз за студентите и средношколците се конкретни показатели дека животниот стандард на граѓаните годинава ќе биде подобар.

За 8 години, пензиите зголемени за 70%

Статистиката покажува дека пензиите во изминативе осум години се зголемени за цели 70 проценти, а најдрастичен раст има кај минималната пензија, пишува „Лидер“. Годинава ќе има нова нагорна корекција, со што просечната пензија ќе достигне нешто над 13. 700 денари.

Последните податоци на Фондот за пензиско осигурување покажуваат дека во земјава има 300.047 пензионери, кои во 2016-та ќе добијат повеќе пари, со што ќе им се подобри животниот стандард. Ако се има предвид дека пензионерите се категорија граѓани кои своите примања ги трошат дома, а не во странство, економската логика вели дека треба да се очекува зголемена потрошувачка и динамизирање на економијата.denari1

„Се работи за сума пари преку која може да се влезе во процес на потрошувачка на стоки за широка употреба, што ќе предизвика вкупна зголемена побарувачка и ќе се манифестира во зголемено производство“ – објаснува универзитетскиот професор Томе Неновски.

Студентите ќе заштедат на превоз и ќе добијат пквалитетно сместување

Од 2016-та почна да важи проектот за бесплатен превоз на редовните студенти од државните факултети со градските автобуси. Бесплатниот превоз се однесува на сите линии. Пресметките покажуваат дека студентите на месечно ниво ќе заштедат околу илјада денари. Освен превоз, студентите добиваат и