Подобар животен стандард за граѓаните годинава

подобро сместување, бидејќи во тек е проектот за реконструкција на студентските домови. Годинава со буџетот е планирано и зголемување на вкупната сума за студентски стипендии, и тоа за 11 милиони евра.

Освен за студентите, бенефиции има и за средношколците. Тие секоја среда можат бесплатно да ја користат железницата, жичарницата, да влезат во кино, театар, музеј и слични културни установи.

Се зголемува минималната плата

Годинава продолжува етапното зголемување на минималната плата, проект кој стартуваше пред три години.

Минимална плата                  година
8.050 денари                              2013
8.800 денари                              2014
9.590 денари                              2015
10.080 денари                            2016

Од 1 јануари, за сите индустрии, освен во текстилната и во кожарската индустрија, минималниот износ е 10.080 денари. Усогласувањето со овие две индустрии треба да се реализира до 2018-та година. Фирмите кои не го почитуваат Законот се казнуваат со казни од 8 до 9 илјади евра, плус 4 до 5 илјади евра глоба за одговорното лице.

Здравствените работници со повеќе пари в џеб

Со повеќе пари в џеб ќе бидат и здравствените работници. Предвидена е зголемена капитација за стоматолозите и матичните лекари, а дел од здравствените работници ќе добијат и повисоки плати. На пример, капитациониот бод за матичните стоматолози се зголемува за 14 проценти, односно од Фондот по пациент ќе добиваат по 40 денари.

Повеќе од 500 здравствените работници со завршено високо образование, како медицински сестри, рендген техничари, физиотерапевти, лаборанти, од февруари добиваат додаток на платата како вреднување на стекнатото образование, со цел да се стимулираат во работењето. Анексот на Колективниот договор е веќе потпишан.

Договорот стапува на сила со февруарска плата, која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процес на корекцијата на платата е 36,9 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.