Македонија

Денеска снег и дожд

Денеска снег и дожд
Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, во крајните јужни делови од дожд и снег.

Обилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови на земјава, каде ќе се формира или ќе се зголеми за околу 25 сантиметри нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од минус два до четири.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до три степени.