Снег во Берово, Тетово, Пожаране, Маврово

Во западните делови од земјата, односно Тетово, Пожаране, Маврово, како и во Берово има врнежи од снег.

Од УХМР информираат дека врнежите од снег ќе се задржат до утре попладне кога температурите ќе се зголемат и внржите од снег ќе преминат во дожд.

Од утрово на пониските делови врне дожд, а во Скопје на Зајчев Рид проверувај снег.

Во крајните западни делови на земјава, се очекува да се формира или да се зголеми за околу 25 сантиметри нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од минус два до четири.

Во следните денови ќе следи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Повремено интензитетот на врнежите ќе биде обилен. На некои повисоки места и на планините ќе има врнежи од снег.

Стабилизирање на времето се очекува од петок.