Трамп: Обама и Хилари Клинтон се одговорни за растот на ИД (ВИДЕО)

Трамп: Обама и Хилари Клинтон се одговорни за растот на ИД
Трамп: Обама и Хилари Клинтон се одговорни за растот на ИД

Доналд Трамп, кој е кандидатот на Републиканската партија за следен претседател на САД, ги обвини актуелниот претседател Барак Обама и својата противничка од редовите на демикратите, Хилари Клинтон, дека е одговорни за успонот на Исламската држава.

Тој на предизборна средба во државата Мисисипи ги обвини дека јасоздале Исламска држава. Трамп истакнал дека администрацијата на Обама требало да обрати внимание на неговите повици САД да ја преземе нафтата што ја контролира ИД, но наместо тоа дозволиле терористичката група да просперира, пренесува британскиот „Гардијан“.

– Хилари Клинтон ја создаде Исламска држава заедно со Обама. Да, добро знам што зборува, заедно со Обама. Двајцата имаат околу себе една прилично голема група луѓе кои немаат ниту чест, ниту морал и работат со нив – рекол Трамп.

Поводот за острите зборови на Трамп се немирите во иранскиот град Техеран, каде демонстранти ја нападнаа амбасадата на Саудиска Арабија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.