среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Регионот под снег, сообраќајот закочен

Покрај снегот, во делови има и силен ветар, на приморјето врне дожд, а сообраќајот се одвива успорено.

Регионот под снег, сообраќајот закочен

Регионот под снег, сообраќајот закочен

Поврзани вести

Утринава е снежно и во државите во регионот. Покрај снегот, во делови има и силен ветар, на приморјето врне дожд, а сообраќајот се одвива успорено.

Во Хрватска снег паѓа од вчера, а се очекува да паѓа и денеска.

На северен и среден Јадран дува силна олујна бура.

Со снег се затрупани другите хрватски градови, а дебела снежна покривка има во Карловац и во Осјек.

SNEG U BEOGRADU

Транвајскиот и автобускиот сообраќај во Загреб е отежнат.

Со снег е прекриена и Бањалика, каде што од утринава паднало повеќе од 30 сантиметри снег.

И во поголем дел од Република Српска утринава паѓа снег, а во Херцеговина дожд.

Во Сараево, исто така, од утрово паѓа снег, комуналните екипи се на терен и ги чистат сообраќајниците.

SNEG U BEOGRADU

Снег се повеќе паѓа и во Белград, а температурата е минус пет, додека ветерот кој дува создава чувство на многу ладно.

Белградските улици се пусти, а белиот покривач ги покри улиците, кои ги чистат градските служби.

Во Словенија денеска се очекува да престане да паѓа снег.

Во Црна Гора денеска е претежно облачно, повремено врне дожд а во северните делови паѓа снег.

Најчитани вести