среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 28

Истепан лекар во Тетово

Лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко одделение и побарал да му донесат упат, мажот му се нафрлил и физички го нападнал

полиција

Последни вести

Дежурен лекар во детското одделение на Клиничката болница во Тетово, вчера пријави дека бил физички нападнат од непознат маж кој со уште две непознати женски лица и со едно малолетно дете влегле во ординацијата за да побараат лекарска помош за детето.

Лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко одделение и побарал да му донесат упат, мажот му се нафрлил и физички го нападнал, а потоа почнал со рацете да удира по работното биро, компјутерот и другите предмети кои ги расфрлал на подот за што лекарот преку дежурната сестра побарал да биде повикано обезбедувањето. Не успеала во намерата, затоа што мажот и нејзе физички ја нападнал и побегнал.

Најчитани вести