„Курир“: Класична одмазда на Спасовски – ќе го менува началникот на организиран криминал

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски продолжува да им се одмаздува на професионалците во МВР кои учествуваа во разоткривањето на „Фабриката за афери“ на СДСМ.

Без согласност на заменик- министерот Митко Чавков, Спасовски потпишал измена на систематизацијата, каде што во Одделот за организиран криминал предвидел заменичко место.

Тоа според познавачите на работите значи вовед во следни разрешувања, а прв кој ќе биде цел на Спасовски е токму началникот на Одделот за организиран криминал.

Одделот за организиран криминал во координација со надлежниот јавен обвинител, не само што успеаја да ја разоткријат фабриката за афери на СДСМ, туку успеаја да одземат бројни докази кои јасно укажуваа на партиската инволвираност на СДСМ во случајот, како и на луѓе од раководството на партијата, меѓу кои и Зоран Заев и Оливер Спасовски кои се фотографираа со осомничените.

Заев неодамна во интервју за „Топ тема“ на Телма призна дека првоосомничениот од криминалната група, Захир Бекири викан Чауш е член на СДСМ.

-Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, ниту некој се плаши, рече Заев.


Со своето признание, Заев практично потврди дека човекот кого обвинителството го сомничи дека стоел директно зад аферата со фалсификуваните лични карти всушност е дел од структурите на СДСМ.

Освен со Заев, осомничените во случајот можеа да се забележат и на фотографии со