четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 39

ФОТО: Сопругот на Ременски не барал функции, додека жена му не станала „Госпоѓа Министерка“

Маските полека, но на очиглед на целата македонска јавност паѓаат, но, тоа не ги допира „играчите“ на СДСМ, кои најдоа вистински момент да покажат како всушност функционира нивната „борба“ за слобода, немоќни да се догребат до власта која толку многу ја посакуваат и мислат дека го имаат ексклузивото право на тоа.

Сопругот на Ременски не барал функции, ама, пусто, не можел да го одбие Спасовки!

Сопругот на Ременски не барал функции, ама, пусто, не можел да го одбие Спасовки!

Последни вести

Слободата нема цена! Не бараме функции сакаме слободно да живееме!!!, напиша на својот Фејсбук профил Јовче Ременски, сопругот на техничката министрека за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Но, тој ова го напишал летоска, пред неговата сопруга да стане „Госпоѓа Министерка“. Потоа изгледа човекот се премисли. Тој експресно и скандалозно беше унапреден за четири нивоа од сопартиецот на Фросина, Оливер Спасовски, техничкиот министер во МВР.

Навидум, исконските заложби на борците за слобода и човекови права кои наводно биле пригушени од диктатурата која владеела во државава, полека го откриваат својот вистински облик, па не е тешко да се забележи која е нивната вистинска позадина.

Од приложеното, тоа секако не е никаква револуционерна кауза за „ослободување на Македонија“ и подобрување на животниот стандард на граѓаните, туку, секако гледање свој интерес и подобрување на сопствениот семеен буџет.

Маските полека, но на очиглед на целата македонска јавност паѓаат, но, тоа не ги допира „играчите“ на СДСМ, кои најдоа вистински момент да покажат како всушност функционира нивната „борба“ за слобода, немоќни да се догребат до власта која толку многу ја посакуваат и мислат дека го имаат ексклузивото право на тоа.

Инаку, бидејќи, Јовче Ременски, „не бара функции“, како што самиот напиша, веројатно Спасовски поради тоа, без никаков интерен оглас и спротивно на Законот за внатрешни работи, го унапредил за цели четири позиции.

Па, така, Јовче, чија сопруга всушност е поранешен член на ВМРО ДПМНЕ, која неможела да дојде до израз во партијата, па одлучила да го смени партискиот дрес, од самостоен инспектор во полициската станица Гази Баба со 720 бода е распореден на позиција генерален советник – инспектор во Кабинет на УБК со 1050 бода, што е незаконски скок од четири нивоа, односно рушење на целиот систем за кариера во МВР.  Следствено на тоа, Спасовски двојно му ја зголемил и основната плата, па од 27.000, сега Јовче кој не сакал функции, ќе зема 40.000 денари.

Скромноста и револуционерниот дух на Фејсбук, чуда прави!

Најчитани вести