САД апелира за намалување на тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран

САД апелираат до лидерите на Блискиот Исток да преземат мерки за намалување на тензиите што избија по кризата меѓу Саудиската Арабија и Иран поради егзекуцијата на саудискиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр.

– Сметаме дека дипломатските акции и директни разговори се од суштествено значење, за да се работи и покрај различностите. Ќе продолжиме да ги повикуваме лидерите во регионот да преземат позитивни мерки за да се намалат тензиите, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, пренесува МИА.

Стејт департментот апелира и до Саудиската Арабија да ги почитува човековите права, пренесува БТА.

– Ние сме посебно загрижени дека погубувањето на ал Нимр ќе ги зголеми тензиите на верска основа во време кога пор итно треба да се намалат, додаде Кирби.