вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 21

За новогодишните празници издадени потврди на 7.501 мигранти

migranti

Поврзани вести

Потврди за остварување на правото на азил се издадени на вкупно 2.120 мигранти во текот на вчерашниот ден.

Од нив 912 се од мажи, 409 се жени, 791 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-852, Авганистан–822 и Ирак-446.

Во периодот од 1 до 3 јануари 2016, издадени се потврди на вкупно 7.501 странски државјани, од кои 3.026 се од машки пол, 1.601 се од женски, 2.847 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 27 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.016, Авганистан-2.493 и Ирак-1.992.

Од 1 до 3 јауари до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Најчитани вести