Околу 80 саудиски дипломати и нивните семејства го напуштија Иран

Околу 80 Саудијци, дипломати и членови на нивните семејства го напуштија Иран по прекинот на дипломатските односи меѓу двете држави.

Тие ноќеска пристигнале во Дубаи. Еден од членовите на таа делегација, Хасан Абдала изрази пред саудиските медиуми благодарност до саудискиот крал Салман поради тоа што го заштитил животот на членовите на дипломатската мисија во Техеран.

Саудиска Арабија вчера ги прекина дипматските односи со Иран, откако беше нападната Амабсадата во Техеран. Тоа се случи откако Иран реагираше остро на егзекуцијата на саудискиот шиитски духовник Нимр ал Нимр, кој беше противник на режимот во Ријад, наведуваат западни медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.