недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Добре Јанчев нов генерален секретар на ДИК

drzavna-izborna-komisija-dik

Последни вести

Државната изборна комисија на денешната седница со јавно гласање го избрала Добре Јанчев за нов генерален секретар, соопшти ДИК.

На оваа раководна функција која ќе ја извршува во наредните пет години Јанчев доаѓа од местото државен советник за едукација, правна и меѓународна соработка во ДИК.

Согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик, ДИК на 30 декември до четирите најголеми политички партии застапени во Собранието ги доставила еден ден претходно утврдените предлог-текстови на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснован на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на проверка и на Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренска проверка заради негово ажурирање.

ДИК, како што стои во соопштението, очекува во најкраток можен рок четирите најголеми партии да се усогласат, за потоа да ги усвои овие два важни акта за проверка и ажурирање на Избирачкиот список.

Најчитани вести