петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Времето облачно и врнежливо

promenlivo-oblacno-so-lokalni-vrnezhi-od-dozhd

Поврзани вести

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, само во јужните делови од земјата и долж Повардарјето променливо облачно. Врнежи од дожд ќе има претежно во попладневните часови на пониските места, на повисоките места истовремено ќе има врнежи од дожд и снег, а само на високите планини врнежите ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од четири до 10 степени.

 

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен јужен ветер и повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од земјата. Во четврток ќе има преодно заладување и врнежите ќе бидат истовремено од дожд и снег.

Најчитани вести