Специјалната обвинителка со семеен буџет тежок илјадници евра

Буџетот на семејството на специјалната обвинителка, Катица Јанева изминатиов период бележи тенденција на раст и тежи илјадници евра месечно.

Откако Катица Јанева побара неверојатни 211.000 евра месечно само за плати во Специјалното јавно Обвинителство, со што ја завре атмосферата меѓу македонските обвинители, Нетпрес дојде до документ кој покажува дека нејзиниот син, Лазар Јанев е едно од лицата одговорни во Транзитниот Центар Винојуг во Гевгелија, и е дел од проект финансиски поткрепен од Данскиот совет за бегалци. Според неофицијалните податоци до кои дојде Нетпрес, месечниот надомест кој Лазар Јанев го добива за својот ангажман во оваа странска организација, изнесува неколку илјади евра.

JANEV

Ако се земат предвид месечните примања на Катица Јанева од околу 1.700 евра, како и примањата на нејзиниот син од неколку илјади евра, доаѓаме до заклучок дека само два члена од семејството Јаневи месечно заработуваат неколкупати повеќе од секое просечно семејство во Република Македонија.

Имено, Катица Јанева своевремено бараше никој да не се меша и само таа да може да одлучува за прашањата поврзани со финансиите во Специјалното Јавно Обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.