Издадени нови 1.422 потврди за право на азил

МВР издало потврди за остварување на правото на азил на вкупно 1.422 странски државјани, од кои 637 се од мажи, 292 се жени, 488 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште пет деца кои патуваат без родител во текот на изминатите 24 часа.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди,соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 571,  Авганистан 564 и Ирак 287.

Од почетокот на годинава заклучно со синоќа на полноќ издадени се потврди на вкупно 8.923 странски државјани, од кои, 3.663 се од машки пол, 1.893 се од женски, 3.335 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 32 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 3.587, Авганистан 3.057и Ирак 2.279.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 04.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се три барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 04.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се три барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 04.01.2016 година евидентирани се вкупно 22 баратели на азил од кои осум мажи, три  жени и 11 деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, единаесет баратели на азил (еден мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и шест малолетни лица без придружба на старател )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.