Кај Ајвалик морето исфрли тела на 21 мигрант

Безживотно тело на 21 мигрант, меѓу кои и 3 деца испливале денеска две различни локации на турското егејско крајбрежје.

Единаесет тела биле најдени на брегот кај летувалиштето Ајвалик, а други десет во реонот на Дикили, информира претставник на жандармеријата.

Претходно американските медиуми информираа за девет најдени тела на брегот кај Ајвалик.

Британските медиуми јавуваат дека турската крајбрежна стража спасила осуммина мигранти по изведената потрага по морето. Во чамецот што пловел кон грчкиот остров Лезбос веројатно имало 22 лица. Лезбос се наоѓа на помалку од 10 километри од турскиот брег.

Припадник на крајбрежната стража изјави дека три чамци и хеликоптер трагаат по преживеани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.