вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Од утре обилни врнежи на дожд

dozd-cador-2

Поврзани вести

Од Управата за хидрометеролошки работи најавуваат обилни врнежи од дожд за утре попладне. Локално се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен.

Најмногу врнежи ќе има во западните и во северните делови од државата. На повисоките планини ќе врне снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток, поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина.

Во четврток ќе дува умерен, на места засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура.

Преодно стабилизирање на времето со благ пораст на дневната температура ќе има в петок и сабота.

Најчитани вести