вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Кривични за двајца судии од скопскиот Суд вмешани во „Фабриката за афери на СДСМ“

caus-fokus-zaev

Последни вести

Двајца судии од Основниот суд Скопје 1 вмешани во Фабриката за афери на СДСМ, објави Press24 повикувајќи се на судски извори. Според информациите, поднесена е кривична пријава против двајца судии под сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластувањата“ според членот 353 од Кривичниот закон на Република Македонија.

Press24 дознава дека судиите се товарат дека во два наврати во текот на 2012 и 2014 година со непревземање на дејства му овозможиле на прво осомничениот Захир Бекири викан Чауш да го одложи издржувањето на затворската казна и тоа во два случаи.

Во првиот случај тие изготвиле решение за одложување на затворската казна со кое според Обвинителството ја злоупотребиле положбата. Во вториот случај, како што дознаваме, по донесувањето на решението за издржување на казната затвор, Чауш требало да доставува медицинска документација на секои 30 дена. Иако Бекири не го правел тоа, судиите не го отповикале решението и спротивно на Законот за извршување санкции му овозможиле да биде на слобода иако против него имало правосилна судска пресуда со затворска казна.

Исто така, еден од судиите не презел законски мерки за приведување на Чауш иако му била одбиена жалбата до Кривичниот совет по барањето за дополнително одложување на издржувањето на казната затвор.

Захир Бекири стана познат во македонската јавност откако беше откриен мега скандалот „Фабрика за афери на СДСМ“. Тој беше предводник на групата која беше задолжена за потребите на СДСМ да фалсификувани разни документи и потоа преку медиумите кои се уредуваат на Бихаќка а се финансираат од СОРОС да ги пласираат тие документи во јавноста и да манипулираат во корист на опозициската партија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев лично призна дека Чаушот е член на неговата партија и дека со него остварувал редовни средби и контакти.

Press24 веќе објави дека токму Заев бил лицето на кое Бекири му се јавил во моментот кога го приведувала полицијата. Потоа следел телефонски разговор и со Оливер Спасовски.

Инаку Захир Бекири Чауш и е добро познат на македонската полиција. Во неговото дебело кривично досие може да се најдат серија тешки кривични дела поврзани со фалсификати и измами.

„Фабриката за афери на СДСМ“ тргувала со прислушуваните разговори на Заев

Во компјутерот на Чаушот истрагата пронајде 70.000 прислушувани разговори во фолдер именуван „СДСМ-Заев“. Информациите ги потврди и обвинителството. Медиумите објавија дека со снимките се тргувало со команданти на УЧК од Косово. СДСМ и техничкиот министер за внатрешни работи за оваа информација го дадоа истиот одговор како и на сите прашања каде од нив се бара информација за евентуалната поврзаност со криминалот. „Истрагата ќе покаже“

Украдени 120.000 идентитети

Во компјутерите на Чаушот и групата биле пронајдени 120.000 украдени лични идентитети. Станува збор за имиња, презимиња, адреси и матични броеви на огромен број граѓани кои „фабриката за афери на СДСМ“ планирала да ги злоупотреби во креирањето фабрикувани афери.

Бугарски пасоши

Според информациите, групата подготвувала афери кои требало да бидат објавени пред изборите со цел да се урива рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Извори од истрагата велат дека во  обемниот доказен материјал пронајдени се докази дека групата подготвувала и фалсификувани бугарски пасоши со имиња на државни функционери. Целта била тие да се објават пред изборите и да се обвинат функционерите дека извадиле пасош од друга држава за да може да се влијае на гласачите и да се намали нивниот рејтинг. Мета на оваа фабрикувана афера на СДСМ која полицијата ја пресретна пред да биде објавена во јавноста биле премиерот Никола Груевски и шефот на неговиот кабинет Мартин Протоѓер.

Швајцарски сметки

Во компјутерите на осомничените најдени се и урнеци за банкарски трансакции од швајцарски банки. Целта била во овие урнеци да се вметнат имиња и податоци на високи државни функционери и милионски суми. Потоа, тие фалсификувани урнеци би се испратиле до медиумите кои ги контролира опозицијата (најверојатно Фокус) за да може да се обвинат државните функционери дека префрлале десетици милиони евра во швајцарски банки.

За фабрикуваните афери новинарите на СДСМ добиваат награди од ЕУ

Истрагата утврди дека сите стотина лични карти кои Фокус му ги предаде на МВР биле штампани во „фабриката за афери на СДСМ“ и Чаушот. Покрај личните карти, во истата „фабрика“ се печателе и фалсификуваните пасоши, „афера“ која соросвиот Фокус ја објави во ноември 2014 година.

Заедничко за двете афери е тоа што ги објави ист новинар од весникот Фокус. Интересно е што за таа афера, новинарот на весникот Фокус доби и награда од Европската Унија и од Македонскиот институт за медиуми.

„Во оваа ситуација, сакам јавно да се оградам од новинарите без’рбетници и да кажам дека ние, новинарите-истражувачи сме тие што ќе го зачуваат достоинството на професијата“, рече новинарот Љубиша Арсиќ по добивањето на наградата.

До сега проверените доказни материјали покажуваат дека осомничените имале многу честа, редовна и континуирана комуникација и со лицето  Зоран Божиновски кое исто така се претставува како новинар. Информациите велат дека постојат сериозни индикации за сомневање дека ова лице земало одредена сума на пари за да објави одредени информации. Парите во соседна Србија му биле доставени од лице дел од раководството на СДСМ и директор на едно јавно претпријатие.

Истрагата ќе утврдува дали новинарите свесно учествувале во фабрикувањето на аферите. Не се исклучува можноста доколку се докаже некаква вмешаност во целиот скандал и тие да одговараат кривично.

Најчитани вести