четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 56

„Ханделсблат“: Политиката на штедење и наштети на Грција

grcija

Последни вести

Долготрајната политика на штедење во Грција и наштети на економијата на оваа земја, смета германскиот весник „Ханделсблат“, пренесува МИА.

Во написот, цитиран од грчиот весник „Етнос“, се подвлекува дека на почетокот на новата година премиерот Алексис Ципрас се обидел да го пренесе својот оптимизам, информирајќи ја нацијата дека во текот на 2016 година Грција ќе ја остави кризата зад себе и ќе излезе од прегратките на кредиторите.

„Ханделсблат“, меѓутоа, конфронтациската политика меѓу премиерот Алексис Ципрас и неговиот поранешен министер за финансии Јанис Варуфакис ја оцени како некорисна, тврдејќи дека таа ја „задуши“ секоја појава на раст на економијата и земјата ја извади од пазарите.

-Ситуацијата во Грција е значително полоша отколку што беше пред една година, за весникот изјави водечкиот банкар.

Во германската статија уште се посочува дека Грците преживаеле седум тешки години под постојани мерки за штедење и дека и покрај тоа ефектот од фискалната адаптација е впечатлив. Државните расходи се намалени од 79,4 милијарди евра во 2009 година на 55,7 милијарди евра во 2015 година.

Во истиот период буџетскиот дефицит е намален од 15,4 на 4,6 отсто од БДП-то. Ниту една друга земја од еврозоната не успеала да забележи такво постигнување, посочува весникот „Ханделсблат“.

Најчитани вести