петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 21

„Дневник“: Во домот на соработникот на Заев, Чауш пронајден избирачки список на општина Центар

falsifikuvani-licni-karti

Последни вести

Во таканаречената импровизирана работилница на уапсениот Захир Бекири – Чауш, во скопско Ченто, каде што, според информациите што вчера ги објавија некои медиуми, биле изработени 105-те лични карти што ги објави неделникот „Фокус“, пронајден е и избирачки список на општина Центар.

На него се наоѓале имиња, презимиња и матични броеви на жителите на населбата, тврдат за „Дневник“ извори од истрагата.

– Според нив, токму имињата на списокот биле запишувани на фалсификуваните лични карти, само што им биле допишувани други адреси. Завчера одредени медиуми веќе објавија дека истрагата открила дека во домот на соработникот на Зоран Заев, Чауш се пронајдени и голем број примероци за изработка на уште неколку илјади фалсификувани лични документи. Фалсификувањето, според истрагата, се вршело со машини за изработка на лични документи, идентични со оние кои ги користи Министерството за внатрешни работи. Kако што е веќе познато, Јавното обвинителство потврди дека полицијата при претресите запленила и машини, преси, секачи и друга опрема за производство на фалсификат документи, како и дека опремата е иста со која биле направени и пасошите што пред извесен период се појавија во јавноста преку дел од медиумите, објави весникот.

Во меѓувреме обвинителството врши вештачење и на 70 илјади разговори кои ги пронајдоа во компјутерот на прво осомничениот Чауш.

-Се уште се утврдува како десетици илјади телефонски разговори стигнале во неговиот компјутер. Пронајдени се и 120 илјади лични податоци на граѓани, но и лажни банкарски сметки на актуелни и поранешни функционери, лажни имотни листови и фалсификувани бугарски пасоши. Во меѓувреме, во јавност излезе фотографија на еден од осомничените со министерот Спасовски, кој ниту одрече ниту потврди дека лично се познаваат. Истрагата треба да открие и кои биле мотивите на фалсификаторите, од каква природа биле правени контакти со лица од дома и странство, дали целта на работењето во погонот за фалсификати била само да се фабрикуваат афери што ќе бидат пласирани во предизборниот период или, пак, се работи за голем меѓународен криминал, објави весникот.

Најчитани вести