2,4 милиони денари од Mинистерството за култура за манифестација во празен стан

Реакциите за годишната програма на Министерството за култура не запираат. Досега на површина излезе многу незадовоство од актери, институции, издавачи, музичари.

На својот Фејсбук профил социјалдемократот Ивор Мицковски открива дека се дале пари на личноста која воопшто не живее во Македонија, а манифестацијата за која се одобрени средства треба да се одржи во неговиот дом во Скопје кој е празен бидејќи личноста живее во Америка.

За оваа постапка на Министерството има и многу реакции по пишувањата на Фејсбук од страна на поранешниот функционер од СДСМ.

Граѓаните коментираат: „Ние сме му дале пари“, „Во трула банана држава како наша, вакви работи биле и ќе бидат константа против која никој ништо не може да стори“. Некои и се мајтапат дека тоа е „техничка грешка“ што би рекле од министерството.