МВР издаде уште 2.413 потврди на мигранти

Уште 2.413 потврди на мигранти издало Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа.

Од нив 1.480 потврди се издадени на лица од машки пол, 288 од женски, 504 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 141 дете кои патуваат без родител.

Потврдите се издаваат за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 3.134,  Авганистан 132, Ирак 126, Палестина 5, Пакистан 26, додека другите се во помал број.

МВР издаде уште 2.413 потврди на мигранти
МВР издаде уште 2.413 потврди на мигранти

Инаку, во периодот од 19 јуни 2015 до 13 септември 2015 година во 8 часот, вакви потврди им биле издадени на на вкупно 75.087 странски државјани, од кои, 50.155 се од машки пол, 10.337 се од женски, 12.415 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.180 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 61.029, потоа Авганистан 4.669, Ирак 3.538, Пакистан 2.032, Палестина 842, Сомалија 592, Бангладеж 506, Конго 328, Нигерија 210, Камерун 163 Еритреја 154, Етиопија 118, Судан 106, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11-ти септември 2015 година, до Одделението  за азил поднесени се 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак и едно барање од државјанин на Египет.

Инаку во текот на вчерашниот министерот за одбрана Јолевски беше во посета на Гевгелија и изврши увид во состојбите со мигрантите. Повеќе за ова следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.