Спречени обиди за шверц на над 2.750 пакувања лекови

При физичка проверка, царинските службеници утврдиле дека врз оригиналното фабричко пакување на лековите бил втиснат нов бач број, датум на производство и нов рок на важност и воопшто немало сериски број, но и на самите лекови, оригиналната етикета била видливо отстранета и била заплепена нова етикета.

Во последните три месеци спречени обиди за шверц на над 2.750 пакувања лекови
Во последните три месеци спречени обиди за шверц на над 2.750 пакувања лекови

За пратката уредно биле приложени сите документи потребни за нивен увоз во Република Македонија, вклучително и одобрение издадено од Агенцијата за лекови, но поради сомневање во квалитетот, царинските службеници се обратиле до Агенцијата за лекови.

На 9-ти октомври, примероци од пратката биле предадена на Агенцијата за лекови, каде сеуште се во тек детални проверки и испитувања на тоа дали лековите се со соодветен квалитет и дали станува збор за фалсификати и се додека не се добијат конечните резултати, пратката нема да биде оцаринета и пуштена во слободен промет.