2 фунти x 14 парови = 100.000 фунти

Дин Клеј, навивач на Челзи од Саутемптон е најсреќниот човек на светот.

Тој во саботата пишал ливче со 14 парови, вложил 2 фунти, а во саботата вечер сфатил дека погодил 13 и чека само уште еден меч за 70.000 фунти.

Го погоди својот Челзи, потоа тимот од својот град Саутемптон, ја погоди победата на Кристал Палас во Лестер, ремито во Велс помеѓу Свонси и Сандерленд, како и неколку мечеви од Чемпионшип и пониските лиги.

Дури 13 мечеви од ливчето се играле во саботата, а единствениот меч, неделниот кој го чекал за добивка бил оној помеѓу Барнли и ВБА. Клеј типувал дека на овој натпревар нема да има победник.

Тој вели дека неговото срце не можело да издржи големо возбудување, па решил во недела на платне, по непреспиената ноќ да игра голф. Мечот помеѓу Барнли и ВБА се играл на пладне по британско време.

Кога дознал дека дуелот завршил 2:2, иако домаќинот водел со 2:0, почнал да вреска од среќа. Уште посреќен бил откако заминал за исплата и дознал дека заедно со сите погодени парови и добивката доаѓа и бонус од 32.000 фунти.

Што значи дека за 2 вложени фунти Дин Клеј добил 100.000, или околу 120.000 евра.

Со среќа да ги троши парите, но нека сочува и едно пиво за судијата Мајк Дин кој во финишот на мечот не досуди чист пенал за домаќините откако еден од фудбалерите на ВБА во сопствениот шеснаесетник играше со рака.