Македонија

20.000 евра казна за Сител и Телма

20.000 евра казна за Сител и Телма

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  поведе прекршочна посапка против телевизиите „Сител“ и „Телма“ за непочитување на обврската за процентуална рспределеноста на емитување на македонска музика во текот  на неделата.

За ова телевизиите треба да платат казна од 20.000 евра, но во постапката за порамнување, сумата може да се преполови. Ова се првични информации, повеќе детали, Агенцијата ќе соопшти во извештајот што дополнително ќе го објави на нејзината интернет страница.