Македонија

20 целосни стипендии за студенти на филмската академија во Охрид

20 целосни стипендии за студенти на филмската академија во Охрид

Од оваа година во Охрид се отвора филмска академија. Институтот за филм ќе биде придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Воедно МОН доделува 20 целосни стипендии за студенти на оваа академија.

-Со отворањето на филмската академија во Охрид, се заокружува еден подолг процес од неколку години. Оваа идеја произлезе од 2008-ма година кога премиерот Груевски беше во официјална посета на Чешка и го разговор со премиерот на Чешка, беше побарано Филмската академија во Прага, која е една од петте најстари академии во светот, да отвори дисперзирани студии или да оствари соработка со македонски високообразовни институции. Денес официјално го објавивме стартот на филмската академија со двете катедри за сценарио и продукција кои ќе бидат од исклучително значење бидејќи ќе се работи по акредитирани програми кои се целосно превземени и адаптирани од филмската академија во Прага, истакна заменик министерот за образование и наука во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека студентите на филмска академија од денес до 4 октомври ќе може да аплицираат. На официјалната интернет страна на академијата е поставена апликација која заинтересираните треба да ја пополнат.

-По аплицирањето, Комисија од професори кои ќе бидат ангажирани од страна на филмската академија ќе ја направата селекцијата на 13 и 14 октомври. Некаде во ноември се очекува отпочнување на работата по однос на студиските програми кои оваа година се сценарио и продукција, додаде Ристовски.

Тој посочи дека од идната година се очекува проширување со дополнителни две катедри на оваа академија. Во насока на поддршка, МОН ќе доделува 20 стипендии, по десет за сценарио и продукција, на студентите.