20 години затвор за Мохамед Морси

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси е осуден денеска на 20 години затвор поради апсења и насилство врз демонстранти, извршени за време на неговиот мандат, објави МИА.

Тој е ослободен од обвинението за поттикнување убиство на двајца демонстранти и еден новинар за време на протестите пред претседателската палата во 2012 година, за кое според повеќето експерти му се закануваше смртна пресуда.

Освен Морси, по 20 години затворска казна добија и 12 високи функционери на движењето „Муслиманско братство“, а двајца се осудени на по 10 години затвор.