20-годишно момче застрелано од најдобриот пријател на неговиот татко

Владан и Гордана Живановиќ од Крагуевац доживеаа голема семејна трагедија, кога во неделата нивниот 20-годишен син Милован беше застрелан за време на лов од страна на нивниот семеен пријател Зоран Јoвановиќ.

Ден по трагдијата во семејтвото Живановиќ молк и тага.

– Сопругот отиде по телото, во шок сум и не можам да зборувам. Што да ви кажам, мојот Милован тукушто се вработи во декември, многу се радував што ни тргна на добро, а сега останав без синот единец, изјавила очајната мајка за српски Курир.

Милован во кобниот ден отишол со татко му и неговиот 60-годишен пријател Зоран на лов, кој случајно го погодил за време на ловот со ловечката пушка, при што 20-годишното момче починало на пат кон болницата.

– Зоран е искусен ловец, не знам како се случило да го погоди Милован, но бидејќи тој бил близу до него раната била преголема за да може да се спаси, изјавила низ солзи мајката Гордана.

Зоран и таткото на Милован веднаш го земале во раце и го однеле во автомобилот, но за жал момчето починало на патот кон болницата.

Зоран е притворен поради убиство од небрежност.