200 деца на климатска рехабилитација на Пелистер

200 деца на климатска рехабилитација на Пелистер
200 деца на климатска рехабилитација на Пелистер

Министерството за животна средина и просторно планирање годинава обезбеди седумдневна климатска рехабилитација на Пелистер, за децата кои боледуваат од болести на респираторниот систем, анемии, алергии и слично, а се резултат на загадувањето.

Оваа климатска рехабилитација на Пелистер се реализира согласно Програмата на Министерството и на Владата на Република Македонија, а е во организација на Друштвото на родители за грижа на здраво поколение од Велес.

Втората смена која опфаќа вкупно 200 деца започнува во понеделник, 17 август, и финансиски е комплетно покриена од буџетот на Министерството. Со неа се опфатени деца од Велес, селата Осломеј, Возарце и Миладиновци, како населени места кои се непосредено изложени на историското загадување од индустриските капацитети ОКТА, ОСЛОМЕЈ и ФЕНИ, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.