200 киднапирани девојчиња од Боко Харам во Нигерија ќе се ослободат

Владата на Нигерија постигна договор со исламистичката група Боко Харам за прекин на огнот и за ослободување на околу 200 девојчиња, кои беа киднапирани пред шест месеци во Чибок.

Информацијата за примирјето е потврдена и од началникот на генералштабот на нигериската армија Алекс Бадех.

Хасан Тукур од претседателскиот кабинет потврди дека исламистите ќе ги ослободат 219 девојчиња.

Боко Харам за ослободувањето на киднапираните девојчиња побара ослободување на затворените екстремисти.