200 Македонци во трка за советничко место во Албанија

Владејачката коалиција „Алијанса за европска Албанија“, изминатиов викенд во Тирана ги претстави кандидатите за градоначалници за 16 општини.

Партијата на етничките Македонци во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, како дел од ова коалиција, се престави со кандидатот за градоначалник за Општина Пустец, Едмонд Темелко.

Темелко и досега ја извршуваше функцијата градоначалник на единствената општина на Македонците во Република Албанија.

Освен во Пустец, Македонска алијанса за европска интеграција на овие локални избори излегува со советнички листи во 16 општини во Албанија.

Инаку, според партиски извори, на 16-те кандидатски листи во трка за советничко место се 200 Македонци.