сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

200 невработени лица со социјален ризик ќе бидат ангажирани од страна на општините

Годинава преку мерката за општинско корисна работа вкупно 200 невработени лица од социјален ризик ќе бидат ангажирани од страна на општините и ќе го надградат своето знаење со што ќе им се зголемат шансите за нивно понатамошно вработување.

dime-spasov-2-640x360

Последни вести

Годинава преку мерката за  општинско корисна работа вкупно 200 невработени лица од социјален ризик ќе бидат ангажирани од страна на општините и ќе го надградат своето знаење со што ќе им се зголемат шансите за нивно понатамошно вработување.

Невработените лица ќе бидат работно ангажирани во период од 6 месеци за што ќе добиваат парична надоместок од 6.200 денари.

Заменик министерот Диме Спасов истакна дека оваа мерка помага кај потешко вработливите лица, да добијат работни навики и полесно да се вработат.

Мерката се реализира од 2012 година и досега во неа учествувале 540 лица при што биле постигнати 140 вработувања.

Мерката општинско корисна работа предвидува работно ангажирање на потешко вработливи лица, лица во социјален ризик, како и корисници на социјални бенефити, односно корисници на социјална и постојана парична помош. во рамки на општините за задоволување на потребите на локалната заедница. Најчесто општините овие лица преку проектот и програмата општинско корисна работа ги ангажираат за грижа на стари и неподвижни лица, за лица со инвалидност, ги ангажираат во рамки на старските домови, дневните центри и за други потреби на локалната заедница. Лицата ќе бидат ангажирани во период од 6 месеци и за тоа ќе добиваат парична надоместок, храна и превоз, истакна Спасов.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски истакна дека оваа мерка е воедно и помош за самите општини во делот на извршување на нивните суштински дејности, а тоа е да им помогне на граѓаните.

Тој додаде дека оваа мерка опфаќа неколку фази. Најпрво ќе биде упатен повика до општините за да се пријават за проектот, ќе биде изготвена програма за тоа кои дејности ќе ги извршуваат невработените лица во социјален ризик и на крај следува интервју кое ќе се реализира во самите општини од страна на претставници на АВРМ.

Најчитани вести