недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 27

Се удирал од ѕид, па лажно пријавил дека го тепале

Тетовецот самиот се удирал во ѕид од неговата куќа за да ги оправда паричните средства кои ги потрошил во казино.

полиција

Последни вести

Триесетичетиригодишен жител од село Копанце, И.А (34), на 7 јануари со тешки повреди бил донесен на хириршкото одделение во Тетовската клиничка болница, извести полицијата.

Кај него се констатирани повреда на главата, црвенило и гребаници и е задржан на лекување.

Во разговор со полициските службеници, тој пријавил дека истиот ден околу 19 часот на улица Борис Кидрич во Тетово, врз него било извршено разбојништво од тројца мажи, од кои едниот го познавал од порано. Раскажал дека тие насилно го внеле во „голф“ и се упатиле помеѓу автобуската и железничка станица, каде го извадиле од возилото и го нападнале удирајќи го со тупаници по главата и телото, потоа му украле 100 евра и мобилен, по што побегнале.

МВР соопшти дека по превземени мерки за расчистување на делото констатирано е дека се работи за лажно пријавување. Тетовецот самиот се удирал во ѕид од неговата куќа за да ги оправда паричните средства кои ги потрошил во казино.

По дополнителни проверки било утврдено дека И.А. врз основа на судска пресуда, се барал за издржување казна затвор во траење од 100 дена за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Најчитани вести