„Прес 24“: Сопартиецот на Заев Чаушот редовно контактирал со Соња Верушевска

Сопартиецот на Заев Чаушот редовно контактирал со Соња Верушевска
Сопартиецот на Заев Чаушот редовно контактирал со Соња Верушевска
Сопартиецот на Зоран Заев, Захир Бекири Чауш имал телефонски разговори со број кој е регистриран на име на Соња Верушевски, сопруга на Зоран Верушевски прво обвинет во аферата „Пуч“, пишува „Прес 24“.

Оттука, легитимно се поставува прашањето, каква улога имал сопартиецот на Зоран Заев, Чаушот во целиот процес на објавување на незаконски стекнатите прислушувани материјали.

Лидерот на СДСМ јавно призна дека Чауш е член на СДСМ и дека редовно го примал во својата канцеларија бидејќи како што изјави Заев, бил подготвен да соработува со секој кој може да придонесе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ, без разлика на неговото криминално минато. Фабриката за афери на СДСМ е еден од најголемите скандали во македонската историја, особено ако се има предвид дека во него е вмешан лидерот на опозициската СДСМ но и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој доаѓа исто така од оваа партија. Токму Спасовски и Заев биле првите луѓе со кои осомничените во Фабриката за афери контактирале кога полицијата тропнала на нивната врата, пишува порталот.

Во нивната „фабрика за афери“ сопартијците на Заев и Спасовски чувале 70.000 прислушувани разговори со кои се тргувало со криминални структури во земјата но и во регионот.

Покрај тоа, истрагата докажа дека тие штампале