„Прес 24“: Сопартиецот на Заев Чаушот редовно контактирал со Соња Верушевска

фалц пасоши и лични карти за потребите на весникот Фокус кој потоа ги објавувал во наводни афери со цел да се нанесе штета на владејачката партија.

Пронајдени беа и 120.000 украдени лични идентитети на македонските граѓани но и избирачки списоци од општина Центар, во чие јавно претпријатие е вработена сопругата на Чауш. Паркинзи општина Центар важи за партиска фирма на СДСМ каде се вработуваат партиските кадри и оние кои придонесуваат за партијата. Не се знае врз основа на кој критериум таму е вработена сопругата на сопартиецот на Заев, Чауш но се отвора сериозен простор за сомнеж дека вработувањето дошло како награда за неговото учество во криминалните активности за кои се сомничи раководството на партијата.

Контактот на сопртиецот на Заев Чаушот со Соња Верушевски на целиот скандал му дава нова димензија.

Случајот, пишува „Прес  24“,  станува особено интересен ако се знае дека сопругот на Соња, Зоран Верушевски кој е прво обвинет во „Пуч“ неодамна беше ослободен благодарение на Катица Јанева која 5 дена бега од одговори пред граѓаните, дали и колку незаконски прислушувани разговори и предал лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Јанева согласно законот има обврска да изготви записник при примањето на 6те картонски кутии и хард дискот, но овој документ иако е јавен, се крие како најголема тајна во Специјалното обвинителство, што отвора простор за сомнеж за улогата на Јанева во целиот процес.