Коцијанчич: Хан во Македонија ќе ја проследи имплементацијата на договорот од Пржино

Портпаролката на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, денеска потврди дека Хан ќе ја посети Република Македонија во средината на овој месец. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел.

Коцијанчич потврди дека посетата на еврокомесарот за преговори за проширување на македонската држава е за да дискутира за имплементацијата на политичкиот договор од јуни/јули 2015 година, што според неговата портпаролка е „екстремно важно за земјата“.

– Нема промена кога станува збор за намерата на комесарот Хан да ја посети БЈР Македонија. Очекуваме посетата да се случи во средината на јануари. Откако сите детали ќе бидат потврдени, ние јавно ќе ја објавиме посетата. Како што знаете, интенцијата е да се дискутира за имплементацијата на политичкиот договор од јуни/јули минатата година, бидејќи ова е екстремно важно за земјата, истакна Маја Коцијанчич.

han-przino

Со оваа најава од гласноговорничката на Еврокомисијата се имплицира дека Хан ќе ја посети Македонија на 15 јануари, денот кога ќе треба да се избере техничката Влада на чело со нов премиер чија единствена задача ќе биде спроведување на предвремените парламентарни избори на 24 април оваа година.

Претходно, тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл в понеделник (11 јануари) ќе треба да го расчистат теренот во Скопје и при нивната посета на македонскиот главен град да го „бетонираат” меѓу четирите најголеми македонски партии датумот 24 април 2016 година како ден кога целата политичка криза во земјата ќе се расичисти со одржувањена предвремени парламентарни избори.