Државата ќе ги кофинансира приватните специјализации

работи во установата најмалку пет години по завршувањето на специјализацијата (за разлика од претходно кога требаше да одработи 10 години, а за супспецијализациите што траат до две години, исто така супспецијализантот треба да работи во установата  најмалку пет години по завршување на супспецијализацијата.

– За специјализациите што траат над пет години, специјализантот сега ќе треба да работи во установата најмалку 10 години, а за супспецијализациите што траат над две години, супспецијализантот треба да работи во установата најмалку седум години (за разлика од претходно кога стариот закон предвидуваше да се одработат 15 години). Тоа значи дека за половина е скратено времето кое специјализантите или супспецијализантите се обврзани да го одработат во ЈЗУ, рече Васиќ Бозаџиева и појасни дека со најновите измени, на половина е намален предвидениот десеткратен износ кој требало да се плати ако докторите порано ја напуштат установата (пред истекот на годините кои се обврзани да ги работат во неа).

Посочи дека дополнителната дејност повеќе не се ограничува на само осум часа неделно туку се ограничува според бројот на интервенции, дијагностички постапки, односно специјалистичко-консултативни услуги на следниот начин: тимот има право во текот на еден месец да изврши најмногу 10 интервенции, секој работен дел по 17 часот и/или во сабота и/или во недела; да спроведе најмногу 10 дијагностички постапки во сабота и/или недела и да изврши најмногу 10 специјалистичко-консултативни услуги во сабота и/или недела.

Таа додаде дека новина се и значајните измени во делот на регулирање на дејноста оптометрија, која е дефинирана како „одредување и коригирање на рефракциони аномалии со очила и контактни леќи и во врска со тоа препишување на очила и определување или замена на контактни леќи“.

Ѓулистана Марковска, специјалист офталмолог рече дека Законот за здравствена заштита е темелен закон, кој претрпел многу измени. Во делот на нацрт измените на Законот за здравствена заштита, појасни, и сега има голем број направени измени и тоа на подобро. Според неа, во делот на специјализациите опфатени во Законот има голем број позитивни промени.

– Во делот на дополнителната работа има одредено подобрување бидејќи се зголемени процентите за профит на тимовите. Оној дел кој, според мене, претставува најголема структурална измена е делот на воведувањето на оптометристите како здравствени работници, додаде Марковска.

Претставникот на младите специјализанти Билјана Додева рече дека со Законот нивниот проблем и статус не е решен. Посочи дека им е ускратено правото за плата за тоа што го работат, за социјална сигурност, за образование под еднакви услови, правото на приватност, на еднаквост и слобода од дискриминација и правото за формирање на семејство.

– За работата што ја работиме не добиваме плата, немаме статус на вработени лица, не ни тече работен стаж, немаме здравствено и пензиски осигурување, додаде Додева.