Протести во Атина поради реформи во системот за социјално осигурување

Протести во Атина поради реформи во системот за социјално осигурување
Протести во Атина поради реформи во системот за социјално осигурување

На улиците на Атина денеска избија судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се противат на реформите во системот за социјално осигурување.

Пред грчкиот парламент се собраа околу 2.000 лица, кои се обидоа да го пробијат кордонот и да тргнат кон зградата на владата.

Реформите на системот за социјално осигурување се дел од програмата што грчката влада ја прифати за да добие нова транша помош од меѓународните кредитори.

Реформите подразбираат дека вработените сега ќе плаќаат поголеми продонеси за осигурување отколку досега.

Актуелната влада тврди дека ова решение е подобро отколку да се намалат пензиите.