Денеска сонце со температура до 14 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повеќе облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува и слаб претежно јужен ветер.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време повремено со локален дожд и со услови за магла по котлините. До вторник ќе се задржи релативно топло. Во вторник ќе дува повремено засилен ветер од југозападен правец, а од среда се очекува спуштање на дневните температури.