„Курир“: Ременски го кочи проектот на Владата за вработување на лица во социјален ризик

Нов скандал и гаф на Фросина Ташева Ременски техничкиот министер за труд и социјална политика. Порталот „Курир“ објави дека Ременски без никаква причина речиси два месеци ја кочи реализацијата на проектот за субвенционирање на вработување на лица во социјален ризик. Таа веќе 54 дена ја нема потпишано исплатата на компаниите кои вработиле лице во социјален ризик.

Како што пишува порталот, на 19 фирми треба да им се исплатат 324.181,00 денари  за исплатени плати за месеците септември и октомври 2015 година на 26 вработени лица за што Агенцијата за вработување доставила барање за исплата до министерството  на 16.11.2015 година.

baranje-mtsp

Дополнително скандалозно и симптоматично е што техничката министерка на писмено бара податоци за лицата кои се вработени преку мерката за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик како и податоци за фирмите корисници. Нејасно е дали овие лични податоци преку претседателката на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска ќе бидат процесуирани до партиската централа и  дали ќе се злоупотребат за партиски притисоци и врбувања?

 

pismo-remenski640

Со овој потег на техничката министерка 26 луѓе можат да останат без егзистенција преку единствената мерка за вработување на корисници на социјална парична помош која се исплаќа директно од буџетот на Министерството. На тој начин се стимулира невработеноста, се оставаат ранливи семејства без примања и на улица.

Овие долгови кои свесно не се исплатени на крајот на 2015 ќе се пренесат во 2016 година што ќе услови да се постигнат помалку вработувања во тековната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.