Дознајте кои хороскопски знаци меѓусебно си одговараат

Иако успехот на врските најчесто зависи од трудот, сепак спојувањето на некои хороскопски знаци често пати носи врска „осудена“ на константна војна.

Во прилог ви претставуваме кои хороскопски знаци се, а кои не се меѓусебно компатибилни.

На Овенот не му одговараат Близнаци, Риби и Девица

Припадниците на овој знак секогаш се отворени за нови искуства, пред се поради енергијата која ја поседуваат. Често избрзано влегуваат во врска , пред воопшто да го запознаат потенцијалниот партнер. За нив, најлоша комбинација е рибите кои се многу сентиментални за нив, со близнаците бидејќи тие постојано приговараат за нешто и девицате поради нивната комплицираност.

На Бикот не му одговараат Овенот, Стрелец и Близнаци

Биковите се под влијание на Венера која ги прави одличен „материјал“ за  врски, иако додека го пронајдат иделаниот партнер можат да имаат многу беззначајни врски. Овенот не е добра комбинација за Бикот поради честите караници, Близнаците кои за нив се доста нескротливи и Стрелецот кои според Биковите, се однесуваат премногу слободно.

За Близнаците не одговараат Бик, Рак и Риби

Припадниците на овој хороскопски знак, многу лесно се вљубуваат но со истата брзина и се разочаруваат од партнерот. Вообичаено не се о заинтересирани за личности со кои немаат заеднички интереси. За близнаците, најлоша комбинација е со Бик бидејќи нема да можат да го „следат“ во реализацијата на неговите амбиции. Не е препорачлива ниту комбинацијата со Рак кој е премногу стабилен и предвидлив, додека Рибите емотивно ги „гушат“.

На Ракот не му одговараат Овен, Близнаци и Стрелец

Раковите преферираат партнери кои ќе покажуваат голема заинтересираност за нив. Не сакаат егоистичен партнер кој нема да покажува интерес за останатите. И покрај првичната привлечност, Ракот не може да функционира со Стрелец кој покажува несигурност и љубомора. Близнаците за раковите се нестабилни, а пак, Овновите се премногу ориентирани кон себе.

На Лавот не му одговараат Близнаци, Јарец и Риби

Припадниците на овој знак ретко се чувствуваат сигурни во љубовната врска. Не сакаат личности кои премногу се грижат за се. Најлоша комбинација е со Близнаци кои за нив се премногу дезориентирани, а со Рибите меѓусебно се повредуваат. За Лавот не е добра ниту комбинацијата со Јарец бидејќи Лавот ќе ја преземе доминантната улога во врската, нешто што Јарецот нема да го прости.

За Девицата не одговараат Овен, Вага и Водолија

Девиците со голема доза на сигурност ги бираат партнерите. Сепак, тешко донесуваат одлуки ако се врзат за некој. На девиците не им одговараат пасивни луѓе и оние кои не можат да се грижат за себе. Затоа, ним не им одговара Овен кој кон нив се поставува шефовски, како и Вагите кои не можат да го разберат критицизмот на Девицата. За нив, лоша комбинација е и Водолијата бидејќи не се согласуваат.

На Вагите не им одговараат Девица, Скорпија и Рак

Вагите преферираат партнер од кој ќе го црпат потребниот мир и сигурност. Многу ги вознемирува невозвратена љубов или однос кој тешко функционира. За вагите, најкомплицирани се Девиците, а потоа следуваат Скорпиите кои за нив се песимисти, додека Раковите имаат премногу традиционални убедувања.

На Скорпијата не е одговараат Овен, Стрелец и Близнаци

Припадниците на овој знак во себе носат вистинска страст и љубов во односите со другите. Ги одбиваат агресивни луѓе и луѓе кои сакаат себеси да се истакнат. Скорпиите најлоши се во комбинација со Овенот поради сличниот темперамент. Ним не им одговараат ниту Близнаците кои се многу љубоморни, ниту Стрелците покрај кои не се чувствуваат сигурно.

На Стрелците не им одговараат Бик, Рак и Девица

Стрелците се водат според мотото „се или ништо“. Не сакаат меланхолични личности кои дозволуваат некој друг да им го дефинира животот. Љубовната комбинација со Биковите е најлоша бидејќи тие се премногу посесивни за Стрелците. Ништо подобра не е ни комбинацијата со Раковите бидејќи им недостасува спонтаност, додека Стрелецот е секогаш критички настроен.

На Јарците не им одговараат Овен, Близнаци и Стрелец

Вообичаено, Јарците сакаат да и се претстават на околината како љубовта да не им е воопшто важна. Најчесто не сакаат партнери кои немаат самоконтрола или кои се слаби од нив. За Јарците, лоша е комбинацијата со Овен бидејќи ги перцепираат како нестрпливи како и комбинацијата со Стрелец кој во врската со нив се покажува како тотална спротивност. Според Јарците, Близанците немаат цели во животот кон кои тежнеат.

На Водолијата не е одговара Бик, Рак и Девица

За Водолиите не е проблем вљубувањето затоа што во врската не се чувствуваат  како да ја изгубиле слободата. Не сакаат личности кои се предвидливи и немаат морал. За нив, најлоша комбинација е Бикот, бидејќи не може да им ја пружи потребната сигурност во врската. Раковите им се премногу досадни, додека Девиците тежнеат да им го контролираат животот.

На Рибите не им одговараат Овен, Лав и Близнаци

Припадниците на овој знак се во потрага по партнер со кој ќе имаат магична љубов, а ги одбиваат лица кои се однесуваат неразумно и имаат површен поглед на животот. За Рибите, најлоша комбинација е со Овенот кој за нив е преагресивен, а потоа следува комбинацијата со Близнаците бидејќи не покажуваат доволно разбирање за другите. Лоша комбинација за Рибите е и врската со Лав поради нивната способност за манипулација.