Германија подготвува нови закони за побрза депортација на мигрантите

Германија подготвува нови закони за побрза депортација на мигрантите
Германија подготвува нови закони за побрза депортација на мигрантите

Владата во Берлин се подготвува за промена на сегашните прописи за депортација на мигранти од Германија, по сексуалните напади врз жени, што се случија во Келн, во текот на новогодишната ноќ.

Инцидентите, по кои се уапсени дваесетина мигранти и бегалци, ја шокираа германскаата јавност и покренаа нова расправа околу политиката на владата за „отвоена врата“ за мигрантите.

Под притисок од германските медиуми и целата јавност, оставка поднесе шефот на полицијата во Келн. Неговото заминување уследи откако жртвите на сексуалните напади и грабежи ја обвинија полицијата дека нејзината реакција била задоцнета и несоодветна.

Според сегашните германски закони, азилантите може да се депортираат од Германија само ако се осудени на затворска казна од над три години и кога ќе се утврди дека нивните животи не се загрозени во земјите од каде се дојдени.

Функционери на владеачката германска Христијанско-демократска унија бараат депортацијата на мигрантите да може да се спроведе доколку некој од нив биде осуден на било каква затворска казна.

Германскиот канцелар Ангела Меркел признава дека ваквите состојби, како инцидентите во Келн, не може да се толерираат и дека „нешто мора да се менува“ во законите. Таа потврди дека министерствата за внатрешни работи и за правда веќе почнале да работат на новите законски мерки.

Во текот на 2015 година, околу 1,1 милион мигранти и бегалци, влегоа на територијата на Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.